Детали за пријавување и запишување по основ на префрлување од друг Универзитет

*Важи само за кандидати со македонско државјанство


За запишување на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип по основ на префрлување од друг Универзитет / високо образовна установа, неопходно е да се следи долу наведената постапка:

1. Кандидатот е потребно да се (регистрира);

2. Кандидатот е потребно да се (најави);

3. Кандидатот реализира уплата на потребните трошоци за поднесување на барање;
         -Во соодветната форма кандидатот има увид на моментално уплатените средства и до тој момент уплатени средства неопходни за поднесување на барањето.


4. Кандидатот реалзира креирање на барањето, со наведување на сите потребни детали од негова страна;
         -Во склоп на барањето, кандидатот ги прикачува потребните документи.

5. Кандидатот го следи статусот на барањето преку системот (чека да се смени статусот на барањето од Во тек во Одобрено );
         -Кандидатот има преглед каде е моментално неговиот предмет на разгледување:
                  -СС / Име на факултет - Оддел за архива на студентски досиеја;
                  -ННС / Продекан за настава / Име на факултет, или
                  -Друга инстанца.

6. Кога барањето добие статус на Одобрено , кандидатот:
         -Има увид во Детали за донесената одлука (специфики кои се однесуваат на истото доколку ги има), и
         -Можност за електронско плаќање (Плати трошоци за постапување по одлука), кои се неопходни да се платат со цел спроведување на одлуката.

7. Штом се платат сите потребни трошоци, системот автоматски ги информира службите на Универзитетот во насока на спроведување на одлуката во системот;

8. По спроведување на одлуката, во полето детали за креирани ресурси по основ на одлука, студентот има увид во бројот на индекс, корисничко име и лозинка.